Рускиот кикбоксер Андреј Потапов, по завршувањето на својата борба одржана во склоп на еден ревијален натпревар во Русија, предизвикал голем скандал. Кога со одлука на судиите го загуби мечот, Потапов најпрвин го удрил својот ривал, а потоа започнал да брка еден навивач за да се пресмета со него.
Потапов загуби од Сергеј Крутелјев. По прогласувањето на победникот, тој јавно побарал реванш од својот противник, кој се согласил со предлогот.
Меѓутоа, поразениот кикбоксер не бил задоволен, па го удрил Крутелјев во пределот на стомакот, а потоа излегол од рингот и се обидел да се пресмета со еден навивач на својот противник, кој упатил неколку навредливи зборови кон него.
Локалните медиуми објавија дека тој го стигнал навивачот и дека целата ситуација била насилна, без да изнесат друг детали.
спорната ситуација на видеото започнува од 2:40:40