Top Sport

Рускиот Попај во првата ММА борба поразен од блогер (Видео)

Русинот Кирил Терешин, кој поради своите огромни бицепси го доби прекарот „рускиот Попај“, имал неславно деби во ММА.

Тој по три минути борба бил поразен од познатиот руски блогер Олег Монгол. Борбата се одржала во Абакан.

Инаку Терешин бицепсите ги „напумпал“ по неприроден пат, со вбризгување на хемикалии кои сам ги подготвувал. База на комбинацијата на хемикалии било маслото Синтхол, популарно меѓу боди-билдерите.

Терешин не ги слуша советите од лекарите, кои му рекле дека ќе треба да му ги ампутираат рацете, доколку продолжи да ја користи оваа комбинација.

„Дури и да престане да ја користи оваа комбинација неговото тело во наредните пет до седум години нема да може да ги исфрли хемикалиите“, изјавил пред две години докторот Евгениј Лилин.

Кирил решил по вештачки пат да ги зголеми мускулите само за да стане популарен на „Инстраграм“. Рекол дека целта му била да стекне еден милион следбеници, досега на „Инстраграм“ го следат 444.000 луѓе.

„Кога ќе стекнам милион следбеници нема да морам повеќе да работам“, рекол Терешин.

Инаку неговиот противник во борбата Олег Монгол имал 200.000 следбеници повеќе.

Scroll to Top