Top Sport

Руските олимпијци земаа 46.000 евра за злато, 29.000 за сребро и 20.000 за бронза

Владата на Русија одобри парични награди за освојувачите на медал на летните Олимписки игри кои неодамна завршија во Токио.

Освојувачите на златен олимписки медал ќе добијат по 4 милиони рубљи што е малку повеќе од 46.000 евра. Среброто вреди 29.000 евра, а бронзеното одличје безмалку 20.000 евра.

Руските медиуми пренесуваат дека исти парични награди спортистите добиле и по минатите ОИ во Рио во 2016 година.

Во Русија парични награди имало и за тренерите.

Во Токио Русија заврши како петта по бројот на одличја, со 20 златни, 28 сребрени и 23 бронзени медали.

Scroll to Top