Врвните американски спортсти би можеле да добијат забрана за учество на Олимписките игри и други големи натпреварувања доколку САД престанат да плаќаа членарина во Светската организација за борба против допингот (ВАДА), изјавиле за агенцијата Ројтерс челните луѓе на организацијата.
ВАДА би презеле ваков чекор доколку Американците ја остварат својата закана и престнат да плаќаат членарина.
САД плаќа најголема членарина во ВАДА. Во 2020 година Американците уплатиле 2.700.000 долари од вкупно 37.400.000 колку што легнале во ВАДА како членарина.