Top Sport

Сафин искршил 1.055 рекети

Познатиот тениски аналитишар Крег Ошонеси открил интересна информација која е поврзана со поранешниот број 1, рускиот тенисер Марат Сафин.

Темпераментиот руски играч често низ кариерата ги „губел нервите“ и кршел рекети. Ошонеси ја објави точната бројка на рекети кои ги искршил Сафин.

„Луѓето од компанијата ‘Хед’ со чии рекети марат играше во целата кариера пресметале дека искршил 1.055 рекети“, рекол аналитичарот.

Оваа бројка луѓето од ‘Хед’ знаеле да ја обележат на вистински начин. Тие бројот 1.055 го изгравирале во сноубордот што му го подариле на Сафин.

Scroll to Top