Поранешниот руски тенисер, Марат Сафин (40) изнесе теорија за пандемијата со коронавирусот за која вели дека е увертира за план на светските моќници да ги контролираат луѓето со микрочипови. Сафин ова сценарио го изнесе во интервју за рускиот портал „Sports.ru“.
„Мислам дека со оваа корона-криза луѓето ги подготвуваат за да бидат микрочипирани. Бил Гејтс уште во 2015 година рекол дека не чека пандемија, дека ни следува вирус-непријател, а не нуклеарна војна. На форумите во Давос изнесоа и симулација, како ќе изгледа пандемијата. Не верувам дека Гејтс е видовит, тој знаел дека ова ќе се случи“ – вели Сафин.
Екс-тенисерот е еден од многумина кои веруваат дека она што ни се сервира на телевизија не е вистина.
„Мислам дека ситуацијата со вирусот не е таква како што ни ја претставуваат, но луѓето веруваат, веруваат во тие хорор-приказни. Има луѓе кои веруваат и дека на цивилизацијата и се ближи крајот, јас не. Само мислам дека наскоро ќе не чипираат. Постојат луѓе кои се помоќни од светските лидери, кои лесно можат да го креираат ова сценарио“ – смета Марат Сафин.