Top Sport

Саган со хет-трик на Гент-Вевелгем (видео)

Светскиот шампион, Петер Саган (Бора-Хансгрое) стигна до трета победа на класичната велосипедска трка Гент-Вевелгем во Белгија, откако во спринтерски финиш го совлада Елија Вивијани и Арну Демар.

Саган беше дел од групата од 30-тина велосипедисти во која имаше и класичнми спринтери, но Словакот реши да тргне порано и силните нозе му донесоа победа пред Вивијани (Квик Степ) и Демар (Групама-ФДЈ).

Вивијани беше очигледно разочаран на финишот откако неговиот силен Квик Степ тим, кој имаше четири велосипедисти во водечката група, не успеа да му обезбеди доволно простор за чист спринт.

Со третата победа на Гент-Вевелгем, Саган се приклучи на Роберт ван Енеме, Еди Меркс, Рик ван Лој, Марио Чиполини и Том Бонен како трикратни шампиони на пролетната класична трка.

Scroll to Top