Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах изјави дека сака да го освои Купот на африканските нации со селекцијата на Египет.
Африканскиот куп на нации ќе се одржи од 13 јануари до 11 февруари во Брегот на Слоновата Коска. Египет ќе игра во групата Б со Гана, Мозамбик и Зеленортските Острови.
„Сакам да победам во тоа натпреварување. Сакам да играм за мојата земја. Имаме фантастични фудбалери“, изјави Салах.
Напаѓачот синоќа играше за Ливерпул во победата против Њукасл (4:2) и постигна два гола.
„Многу веруваме во себе. Имаме исклучително талентирани фудбалери. Потребно е само добро да работат и сигурен сум дека можеме многу“, изјави Салах кој најави дека наскоро ќе и се приклучи на репрезентацијата на Египет во подготовките за Африканскиот куп на нации.
Салах за репрезентацијата на Египет одигра 95 натпревари и постигна 55 голови.