Top Sport

„Само под еден услов ќе му овозможиме на Мекгрегор борба со Хабиб“

Али Абделазиз менаџерот на Хабиб Нурмагомедов потврдил дека постои еден услов, кој доколку биде исполнет, би прифатиле борба со Конор Мекгрегор, кој неколку месеци е во пензија.

Абделазиз потврдил дека од тимот на Нурмагомедов не се заинтересирани за борба со Ирецот.

„Сега ние сме во положба да го имаме последниот збор, ние сме тие коги ги договараат борбите. Коноро засега е само резерва. Нека се обиде да ги намали килограмите и потоа нека чека можеби ќе добие можност нешто да заработи. Ние се подготвуваме за Гејџи, тоа е борба помеѓу двајца шампиони. Конор не е ниту трет предизвикувач, тој е четврти или петти. Најдобр му е да се бори со Масвидал или Дијаз“, рекол менаџерот на Нурмагомедов и дополнил.

„Доколку Конор сака борба со Хабиб тој прво мора да се бори со Ислам Макхачев“.

Ислам Макхачев исто така е Дагестанец, тој е еден од спаринг-партнерите на Нрмагомедов. Во кариерата има скор од 18 победи и еден пораз, но за да се пробие во врвот на УФЦ потребни му се борби со најголемите имиња на овој спорт.

Scroll to Top