Top Sport

Сампрас: Новак е како мене, моравме да работиме повеќе од другите

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Пит Сампрас, рекол дека постои голема сличност помеѓу него и Новак Ѓоковиќ. Србинот никогаш не криел дека негов идол во тенисот е токму Сампарс.

„Можам да кажам дека сме слични со Новак. И тој е како мене, среќна особа. Двајцата уживаме да бидеме на теренот, веројатно поради тоа што доаѓаме од земји каде што порано немали тениски идоли. Двајцата моравме да работиме напорно, можеби и повеќе од останатите за да стигнеме до врвот“, рекол популарниот Пистол Пит.

Говорејќи за Рафаел Надал, Сампрас истакнал дека шпанскиот тенисер дава се од себе за да дојде до победата.

„За него никогаш не постои компромис“, рекол Сампрас.

Американецот во кариерата освоил 14 гренд-слем трофеи, а в пензија замина во 2003 година.

Scroll to Top