Италијанскиот судија Даниеле Орсато ќе биде главен судија на четвртфиналниот натпревар на Европското првенство во Германија меѓу Англија и Швајцарија во Дизелдорф.
Орсато се најде на удар на Словенците, поради судењето против Португалија во осминафиналето, кога го исклучи селекторот Матјаж Кек.
„Орсато почна да се лути, јас не кажав ништо навредливо, само прашав зошто е досуден пенал. Можете да ја погледнете таа одлука како сакате. Потоа почна да дели картони. Би било неправедно да се каже дека тој е виновен за поразот“, изјави Кек за италијанскиот судија.
Веста ја потврди УЕФА, а на Орсат ќе му помогнат сонародниците Чиро Карбоне и Алесандро Џаљатиини.
Четврти судија е Германецот Данијел Зиберт.
Во ВАР-собата ќе бидат и Италијанците Масимилијано Ирати и Паоло Валери, заедно со Германецот Бастијан Данкерт.
Натпреварот меѓу Англија и Швајцарија е закажан за в сабота од 18:00 часот во Дизелдорф.