Top Sport

Се јави и Конор: Меч против Гетџи, бидејќи Хабиб пак ќе биде кукавица

УФЦ мегаѕвездата Конор Мекгрегор, конечно, проговори по саботното враќање на УФЦ 249 и импресивната победа на Џастин Гетџи над Тони Фергусон, поставувајќи го својот план за доминација и во исто време „удирајќи“ по Гетџи и секако по шампионот Хабиб Нурмагомедов.

Гетџи ги шокираше сите со доминантната победа над Фергусон за преодниот УФЦ појас во лесна категорија станувајќи прв ривал за Хабиб, но Мекгрегор вели дека тој е блиску до титулата бидејќи својот следен меч ќе го има против Гетџи бидејќи „Нурмагомедов ќе избега, како и секогаш“.

„Спортот е за фановите и беше чудно да се гледа без фанови. Но, ќе биде мое е.ено задоволство да ја покажам моќта без бучава околу мене. Сега, следно е Џастин за мене, бидејќи Хабиб е најголемиот бегач во спортот. Гарантирам!“, пишува Конор во еден од повеќето твитови на темата лесна категорија.

Тој исто така му прати порака на Гетџи.

„Џастин, нема опасност во човек кој гушка нозе, сите го знаеме тоа. Обиди се да танцуваш кога има вистинска закана. Ќе те искаспам. Ќе ги ставам твоите заби во ланец. Зборуваше за тоа каков татко сум? Ти си еб.но мртов“, беше пораката за Гетџи.

Секако, тука беше и „удар“ за Хабиб.

„Хабиб ти си вистинска срамота. Бегај, криј се како и секогаш. Сум кажал повеќе пати и сме го видел тоа повеќе пати. Немаш коментар? Ти си срамота за вистинските борци“, порача Конор.

Scroll to Top