Еритрејскиот велосипедист Бинијам Гирмај се откажа од натамошниот настап на италијанското Џиро и не стартуваше во 11-та етапа, поради несреќна повреда на окото, која ја заработи со отворањето на победничкиот шампањ по триумфот на вчерашната 10-та етапа од трката. Вчера, во финишот, со одличен спринт, Гирмај победи пред Холанѓанецот, Метју ван дер Пула.
22-годишниот член на тимот „Интермарке- Ванти Гобер“ шишето со шампањ не го држел во раце, туку бил наведнат над него, а кога ја ослободил тапата, таа излетала и го удрила во лево око.
Гирмај заврши во болница, а во договор со челниците на тимот беше одлучено да не ја продолжи трката на која стана првиот црномурест Африканец кој освоил етапа на Гранд Тур трка.
Во март оваа година, Гирмај го привлече вниманието кон себе кога стана првиот африкански велосипедист кој победил на еднодневниот класик во Белгија, славејќи на трката Гент-Вевелгем.
820 pm @GrmayeBiniam has just left hospital in Jesi #Giro105 His start in stage 11 looks unlikely. In the morning the team will communicate about it ? pic.twitter.com/WvBC5Z2ZJL
— Renaat Schotte (@wielerman) May 17, 2022