По пауза од шест месеци, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ в петок ќе се врати на тениските терени. Ѓоковиќ е еден од учесниците на егзибицискиот турнир во Абу Даби, кој ќе почне в четврток.
Ѓоковиќ е слободен во првото коло на турнирот, а во второто коло во 16 часот по средно-европско време, за противник ќе го има победникот од пресметката помеѓу Пабло Карењо Буста и Андреј Рубљов.
Финалето и мечот за третото место ќе се одиграат в сабота, на 30 декември, кога во Абу Даби ќе играат Елена Остапенко и Серена Вилијамс.
По настапот во Абу Даби, Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха (1 до 6 јануари) кој ќе му послужи како последна подготвка пред Австралија опен.