Светскиот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа неодамна стана ново заштитно лице на компанијата за производство на спортска „Андер армор“, кои го ангажираа да ја отвори новата продавница во Амстердам – со кршење излози.
„Понекогаш е доволен само еден удар“, напиша Џошуа на Твитер со видео како со боксерски ракавици го крши излогот на продавницата.
„Андер армор“ (Under Armour) во последно време сака да биде ривал на големите имиња како „Најк“ и „Адидас“, промовирајќи повеќе спортски ѕвезди како Џошуа, Мемфис Депај, Стивен Кари, Саул Алварез.
Џошуа е во преговори со ВБО шампионот Џозеф Паркер за меч на почетокот на годината, по што има желба да ги обедини сите појаси во тешка категорија со меч со Американецот Дионтеј Вајлдер.
??@anthony_joshua Opens The New Under Amour Store In True AJ Style #Antonyjoshua #Aj #Ajboxing #London #RolexBeatzHQ pic.twitter.com/FVz9OUkEVz
— Rolex B (@rolexbeatzhq) December 8, 2017