Мајк Тајсон, поранешен шампион во тешка категорија, уште еднаш ја шокираше светската јавност.
Тајсон, според многумина еден од најдобрите боксери на сите времиња, открил детали од својот бурен живот.
„Во младоста, со парите што ги имав бев како животно. На сите им давав пари. Одев на нивните журки, имав оргии со нивните мајки и сестри…Беше лудо, а јас бев многу луд, не бев свесен колку бев „болен“. На многу „лесни“ девојки им купував автомобили. Немав контрола со храната и пијалаците…Спиев со многу жени. Сега се обидувам да живеам мирно, да бидам здрав и морален човек. Кога ќе се сетам како живеев јасно ми е дека немав емотивни туку морални проблеми“, рекол „Челичниот Мајк“.