Top Sport

Сега сме чекор поблиску до Хабиб-Конор, втор дел

УФЦ е чекор поблиску до римечот кој сите го очекуваат помеѓу шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор, откако претседателот на УФЦ, Дејна Вајт му понуди на Ирецот „чист“ пат до нов обид за титулата.

Зборувајќи во интернет интервју со боксерскиот промотер Еди Херн и поранешниот боксерски шампион Тони Белју, Вајт вели дека постои сценарио со кое Мекгрегор многу бргу би добил шанса за одмазда против Хабиб.

„Мислам дека најдоброто за него е, иако не знам дали тоа ќе се случи, е да ги остави Џастин Гетџи и Хабиб да го имаат својот меч, а потоа да се бори со победникот. Тоа би било најумно“, вели Вајт.

Мекгрегор има само два меча во категоријата до 70 килограми, нокаутирајќи го Еди Алварез во Њујорк во 2016 за да ја освои титулата, пред да се префрли на боксот и на богатата пресметка со Флојд Мејведер Јуниор во 2017. Потоа, му беа одземени титулите во перо и лесна категорија откако не ги одбрани, пред да се врати во октагонот со Хабиб на УФЦ 229, каде што загуби во четири рунди.

Во јануари, Мекгрегор се врати со импресивна победа над Доналд „Каубој“ Серон за само 40 секунди, но во лесна категорија има доста конкуренти за титулата. Откако Џастин Гетџи го суреди Тони Фергусон на УФЦ 249, на Гетџи му беше „ветен“ меч со Хабиб.

Scroll to Top