Марк Селби го доби едностраното финале на Англија опен со 9:1 триумф над Дејвид Џилберт, покажувајќи дека е блиску до својата најдобра форма, освојувајќи трофеј по пауза од 15 месеци.
„Навистина ми недостасуваше ова чувство. Прекрасно е да се победи на било кој британски турнир, посебно тој што оди во живо“, вели Селби.
36-годишниот Селби имаше рани брејкови од 88, 68, 79 и 85 за да поведе со 5:0, пред Џилберт конечно да освои еден фрејм. Но, трикратниот светски шампион одговори со прекрасни 130, и потоа го зеде последниот фрејм од попладневната сесија со 97. Предноста од 7:1 беше недостижна во вечерната сесија и Селби одговори со два брејка, од кои вториот над 100 за да ја освои својата прва титула од Англија опен.
Finished with a ton ?
Congratulations to the new #EnglishOpen champion @markjesterselby ? pic.twitter.com/CVgGfsiIC1
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) October 20, 2019