Нoвак Ѓоковиќ по пауза од шест месеци утре повторно се враќа на тениските терени. Србинот ќе учествува на егзибицискиот турнир во Абу Даби кој започна денес.
Ѓоковиќ сезоната ја заврши во јуни, кога поради повреда на лактот, му го предаде четврт-финалето на Вимблдон на Томаш Бердих.
Според него перидот на рехабилитација бил успешен, иако речиси четири месеци не тренирал со рекет в раце. Во меѓувреме тој го комплетира и својот тим со Радек Штепанек, кој покрај Андре Агаси ќе биде негов тренер.
Ѓоковиќ со нетпрение го очекува враќањето на терените неколку дена е во Абу Даби каде ужива со своето семејство.
Неговата сопруга Јелена, на Инстаграм спорели фотографии од престојот во Дубаи.
„Совршено зајдисонце со мојата љубов“, напишала сопругата на тенисерот.
Меѓу другите таа објави фотографии на плажа, на зајдисонце со синот Стефан, како и од семејната посета на Цветната градина во овој град.
Ѓоковиќ е слободен во првото коло на турнирот, а во второто коло во 16 часот по средно-европско време, за противник ќе го има победникот од пресметката помеѓу Пабло Карењо Буста и Андреј Рубљов.
Финалето и мечот за третото место ќе се одиграат в сабота, на 30 декември, кога во Абу Даби ќе играат Елена Остапенко и Серена Вилијамс.
По настапот во Абу Даби, Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха (1 до 6 јануари) кој ќе му послужи како последна подготвка пред Австралија опен.