Top Sport

Сен-Пјер со порака за Хабиб: Знаете каде може да ме најдете

Канадската УФЦ легенда, Жорж Сен-Пјер вели дека УФЦ и Хабиб Нурмагомедов знаат каде можат да го најдат за да му дадат понуда „која нема да може да ја одбие“ за супер-меч со шампионот во лесна категорија, Нурмагомедов.

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт неодамна изјави дека Нурмагомедов по мечот со Џастин Гетџи може да влезе во кафезот со поранешниот двократен шампион Сен-Пјер во 2021 година, како последен меч во неговата кариера, откако Дагестанецот повеќе пати изјавуваше дека оди на 30 меча како максимум во кариерата (засега има 28-0 скор).

39-годишниот Сен-Пјер, кој официјално е во пензија, признава дека добра понуда може да го врати во кафезот.

„Уште сум во добра форма, не поради некој меч, туку поради тоа што сакам да бидам силен. Сепак, не сум подготвен за меч. Да имав меч пред мене, ќе морав да одам на тренинг-камп. Само што влегов во Куќата на славните и сум пензиониран. Ако УФЦ сакаат да ме прашаат нешто, да понудат нешто што не можам да одбијам, знаат како да ме најдат“, вели Сен-Пјер, кој последен пат беше во октагонот во ноември 2017 кога го победи Мајкл Биспинг и ја освои титулата во лесна категорија.

Scroll to Top