Top Sport

Сензација во Монте Карло, испадна Новак Ѓоковиќ

Британецот Даниел Еванс, ја забележа најголемата победа во кариерата. На Мастерсот во Монте Карло, во осмина-финалето, 33.играч на АТП листата, го победи најдобриот во светот Новак Ѓоковиќ. За светскиот број 1, ова е прв пораз оваа година.

Еванс, прв пат во кариерата, успеа да добие меч против играч од Топ 6, а четврти пат слави против тенисер од Топ 10.

Британецот, за два часа и осум минути, славеше со 6/4, 7/5.

Еванс максимално знаеше да ги искористи сите грешки во играта на својот противник, трпеливо ги градеше поените и подобро им се прилагоди на условите, во текот на мечот на моменти дуваше силен ветер.

Покрај одличната игра на Евенса, конечниот победник го одреди и реализацијата на брејк шансите, Британецот искористи пет од седуммте брејк топки, додека Ѓоковиќ само три од десетте топки за брејк, меѓу кои една која беше и сет топка, во десеттиот гем од вториот сет.

Еванс, во четврт-финалето ќе игра против Давид Гофан, кој претходно во два сета го победи Александар Зверев.

Scroll to Top