Top Sport

Сензација во супервелеслалом, златото оди во Чешка

Естер Ледецка од Чешка го приреди најголемото изненадување во алпски скијање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг освојувајќи го златниот медал во супервелеслалом.

Ледецка на патот до најсјаното одличје имаше перфектна трка, најдобра во кариерата. Таа во целта забележа време од 1:21.11 минути. Во борбата за златото таа за само една стотинка ја победи Ана Фајт од Австрија која во Пјонгчанг ја бранеше титулата кој ја освои пред четири години во Сочи.

На пиедесталот на Ледецка и Фејт им се придружи Тина Вајрајтер од Лихтенштајн која го освои бронзениот медал.

Сензационалната победничка во супервелеслалом, Ледецка, се натпреварува во сноуборд и во оваа дисциплина досега белешеше подбри резултати него во супервелеслалом.

Таа е првата натпреварувачак од Чешка која победила во сноуборд, а исто така е актуелна светска шампионкса во паралеллен велеслалом.

Кога пристигна во целта со најдоброто време таа само искоментира: „Ова мора да е грешка“.

Ледецка допрва во Пјонгчанг ќе се натпреварува во сноуборд.

Чехињата со освојувањето на златниот медал ја спречи Фајт да влезе во историјата, односно да стане првата во историјата по 1998 година и Игрите во Нагано, кога супевелеслаломот како дисциплина велзе во олимписката програма, која ја одбранила титулата.

Scroll to Top