Top Sport

Сензационален скок на Кубанецот Ечеверија

Кубанскиот атлетичар Хуан Мигел Ечеверија победи на митингот во Дијаманстката лига со петтиот резултат на сите времиња, во скок во далечина. 19-годишниот Кубанец во последната серија скокана 8,83 метри.

Скокот во далечина што го изведе Ечеврија во Стокхолм е најдолгиот скок уште од 1995 година, кога Иван Педросо оствари далечина 8,96 метри во Сестриере. Меѓутоа поради ветерот овој скок на Пердросо не се признава како светски рекорд.

Најдобриот резултат на сите времиња е поставен во 1991 година, кога Американецот Мајк Пауел, на Светското првенство во Токио скокна 8,95 метри.

Scroll to Top