Спуст траката во Вал Гардена заврши со сензационална победа на Американецот, Брајс Бенет. Ова е прва победа за САД, во спуст во машка конкуренција, по пауза од пет години. Бенет, прв пат во кариерата се искачи на највисокото скалило на победничкиот пиедестал. Претходно два пати бил на четвртото, исто така во Вал Гардена.
Бенет победи со време 2:02.42 минути. Втор во целта влезе Австриецот Отмар Штридингер (2:02.56), а трет беше Швајцарецот Нилс Хинтерман (2:02.74).