Американците Максим Креси и Закари Свајда ги направија најголемите изненадувања во првото коло на Ју-ес опен. Керси го победи деветтиот носител Пабло Карењо-Буста од Шпанија, додека Свајда беше подобар од Италијанецот, Марко Челинато.
Креси, 151 на АТП листата, направи нестварен пресврт во дуелот со Буста. Американецот успеа да се врати по негативата од 0:2 (5/7, 4/6), израмни на 2:2 (6/1, 6/4), а откако спаси четири меч топки во решавачкиот сет, го боди тај-брејкот и се пласира во втората рунда.
Креси имаше 44 ас сервиси, мечот го заврши со 81 винер и само 35 неизнудени грешки.
Another fifth-set tie-break today? Why not? ?
?? Maxime Cressy saves four match points to defeat 2020 semi-finalist Carreno Busta 5-7, 4-6, 6-1, 6-4, 7-6(7).
?: @usopen pic.twitter.com/vbMfWec8xS
— ATP Tour (@atptour) August 31, 2021
Марко Чекинато, 81 на АТП листата, испадна од анинимниот Закари Свајда. 18-годишниот Американец се наоѓа на 716. место на АТП листата.
Свајда мечот го доби во четири сета со 7/6, 5/7, 6/4, 6/4.