Женската тениска асоцијација (ВТА) ја поддржа Серена Вилијамс, која го обвини судијата Карлос Рамос за сексизам, Серена во финалето на Ју-Ес Опен, беше поразена од 21-годишната Јапонка, Наоми Осака, во два сета (2:6, 4:6).
Поради однесувањето на теренот, во центарот на вниманието и по мечот беше Серена, а не Јапоката која ја освои својата прва гренд слем титула.
Судијата, Карлос Рамос, најпрвин ја опомена Вилијамс за „коучинг“, а потоа тој и додели уште една опомена кога таа го искрши рекетот. Поради две опомени тој и одзеде еден поен и Осака седмиот гем, во кој сервираше Американката го започна со 0:15, а потоа успеа да направи брејк.
Потоа Серена збесна, започна да се расправа со судијата нарекувајќи го „лажго“ и „крадец“. Поради тоа, повторно според тениските правила и беше одземен наредниот гем, па Осака без да сервира стигна до предност 5:3.
Одземањето на осмиот гем, Американката по мечот го искористи за да го обвини судијата за сексизам.
Извршниот директор на ВТА, Стив Сајмон, во соопштението, истакнал дека судијата Карлос Рамос покажал поинакво ниво на толеранција и дека не би реагирал така од другата страна да бил тенисер.
„ВТА верува дека не треба да постои разлика во толеранцијата кон емоциите што ги покажуваат мажите и жените. Не верувам дека имаше толеранција во саботата“, истакнал Сајмон.
Тој, исто така, побарал „коучингот“ да биде дозволен на сите терени.
Со Сајмон и Серена Вилијамс се согласува и претседателката на Тениската асоцијација на САД, која го организира Ју-Ес Опен, Катарина Адамс. Таа рекла дека мажите често вербално ги напаѓаат судиите, особено кога ги менуваат страните, но дека никој не бил казнет.
„Гледаме дека момците тоа редовно го прават. Не постои еднаквост кога тоа го прават мажите и жените. Сметам дека треба да постои некаква константа. Се залагам за полова еднаквост“, рекла Адамс.