Серена Вилијамс се повлече од мастерсот во Индијан Велс. Американката во второто коло и го предаде мечот на Шпанката Гарбиње Мугуруза.
Вилијамс одлично влезе во мечот поведе со 3:0, а потоа започнаа нејзините проблеми, Мугуруза освои шест гема во низа, го доби сетот, а откако го освои и првиот гем во вториот сет Серена реши да го предаде мечот.
Мугуруза во осмина-финалето ќе игра против Кики Бертенс која ја елиминира Џоана Конта со 7:6, 6:4.
Серена Вилиајмс само два пати го освоила мастерсот во Индијан Велс, последен пат триумфирала во 2001 година.
What a shame – Serena Williams is forced to retire from the match with @GarbiMuguruza leading 6-3, 1-0.#BNPPO19 pic.twitter.com/SrbaekZg6C
— wta (@WTA) March 10, 2019