Серена Вилијамс ќе се омажи со ко-основачот на „Редит“, Алексис Оханијан денеска во Њу Орлеанс, објавија американските таблоиди, преводени од магазинот „Пипл“.
Според британскиот „Дејли мејл“ свадбата со избрана листа на гости ќе се случи во Центарот за современа уметност во градот.
36-годишната Вилијамс, освојувачката на 23 гренд слем титули, е свршена со 34-годишниот Оханијан од минатиот декември, а на 1 септември ја добија првата ќерка, Алексис Олимпија.
Ветеранката најави дека уште мисли на тенисот и дека планира да се врати на Австралија опен, турнир кој стартува на 15 јануари и каде што е актуелна шампионка.