Поранешната светска тенисерка број 1, Серена Вилијамс се повлече од Италија опен следната недела, фрлајќи сомнеж на учеството на Францускиот опен на крајот на месецот.
36-годишната Американка, која има четири титули од „Форо Италико“, се врати на тенисот во март по раѓањето на нејзината ќерка минатиот септември, но не успеа да ја поврати физичката подготвеност. 23-кратната гренд слем шампионка играше во Индијан Велс во март, но нема играно од поразот во првото коло од Јапонката Наоми Осака на Мајами опен.
„Жал ни е што мораме да соопштиме дека четирикратната шампионка од Рим, Серена Вилијамс е повлече. Едвај чекаме да ја пречекаме на црвената земја на ’Форо Италико’, можеби во 2019“, се вели во соопштението на организаторите.
Фото: ЕПА
We are so sad to announce that @serenawilliams, a 4-time Champion in Rome, has withdrawn from #ibi18. ? Obviously we can’t wait to see her again on Foro Italico’s red clay, perhaps in 2019? ? pic.twitter.com/CnM8tTadhY
— Internazionali Bnl (@InteBNLdItalia) May 9, 2018