Ќеркичката на Серена Вилијамс, Алексис Олимпија оваа недела ќе наполни една година, но нема да има прослава кај славната тенисерка, поради нејзините религиозни убедувања.
Бидејќи роденденот и е на 13 септември, Американката беше запрашана како ќе го прослави роденденот додека игра на САД опен.
„Олимпија нема да ги слави родендените. Ние сме Јеховини сведоци и не го правиме тоа“, одговори Вилијамс.
Според верувањата на Јеховините сведоци, не се прославуваат родендените и христијанските празници како Божиќ и Велигден, бидејќи тие прослави имаат „паганско потекло“. На светот има повеќе од 8 милиони Јеховини сведоци, религиозна група која е одвоена од христијанските цркви, но ја проучува библијата според интерпретацијата на свештеникот Чарлс Тејз Расел во САД на крајот на 19-тиот век. Според нивните верувања, Бог ќе стави крај на сегашниот свет, и ќе создаде ново Кралство на небото на кое ќе одат само 144.000 луѓе, додека останатите ќе продолжат со животот на новата Земја.