Top Sport

Серена преку Бертенс до дуел со Венус

Серена Вилијамс избори пласман во третото коло на мастерсот во Индијан Велс, откако во втората рунда ја победи Кики Бертенс со 2:0.

Помладата од сестрите Вилијамс во Индијан Велс по пауза од 14 месеци се врати на тениските терени. Таа против Холанѓанката Бертенс првиот сет го доби во тајбрејк, откако претходно двете направија по еден брејк.

Голема борба Серена и Бертенс водеа и во вториот сет, а клучниот момент се случи во единаесеттитот гем кога Американката ја искористи третата брејк топка.

Во третото коло Серена ќе игра против постарата сестра Венус, која е осма носителка во Индијан Велс. Во второто коло Венус ја победи Романката Сорана Кирстеа со 2:0.

Scroll to Top