За неверојатната приказна на младиот тенисер Дарко Грнчаров, кој шест месеци беше во кома, дозна и Серена Вилијамс, поранешната најдобра тенисерка во светот. Таа на Дарко му испрати приватна порака на „Твитер“, полна со зборови на поддршка, пишува Репортер.
„Вау, ова е неверојатна приказна. Луѓето како тебе ме инспирираат. Ќе ни биде чест мене и на Олимпија да те запознаеме наскоро. Многу љубов! Бакнежи“, стои во пораката од Серена за Дарко.
„Не можам да опишам колку сум среќен што Серена ми испрати порака. Ова е најдоброто нешто што можеше да ми се случи, да ми пише мојот идол“, рече Дарко за „Репортер“.
Дарко вели дека сестрите Серена и Венус Вилијамс му се омилени тенисерки, а идоли кај тенисерите му се Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
„Веднаш ѝ одговорив и навистина се надевам дека ќе имам можност да ја запознаам“, додаде тој.