Top Sport

Серена Вилијамс на Вимблдон украсена со Сваровски кристали

Американската тенисерка, Серена Вилијамс на третиот годинешен гренд-слем, Вимблдон ќе носи фустан украсена со брош кој е во форма на логото на „Најк“, а на него ќе има 34 кристали од Сваровски.

Информациите се дека кристалите ќе го симболизираат бројот на годините на популарната тенисерка која пред 3 години го освои, неофицијалното светско тениско првенство, турнирот Вимблдон.

„Сакав Серена да почувствува дека може да стави нешто од нејзината баба. Но, се разбира, направивме се што е во модерен стил, создаден специјално за Серена“ – рече дизајнерот Еби Свонкт.

Годинешниот турнир во Лондон започнува во понеделни и ќе трае 14 дена.

Серена Вилијамс на Вимблдон ќе настапи како 11-та светска тенисерка според ВТА листата.

Scroll to Top