Top Sport

Серена Вилијамс со солзи во очите предаде по само 4 гема (фото)

Американската тенисерка, Серена Вилијамс се повлече од финалето на Роџерс купо во Торонто, Канада поради болки во грбот, па Бјанка Андреску е новата шампионка на турнирот.

Таа стана првата Канаѓанка која по 50 години го освоила овој турнир, а нејзиното освојување на пехарот остана во сенка на солзите на Серена.

Андреску водеше со 3-1 во првиот сет кога Американката повика медицински тајм-аут. По 1 минута судијата рече дека Вилијамс се повлекува од турнирот.

„Жал ми е, не можев денес да играм, едноставно не можев. Беше ова тешка година, но ќе продолжиме понатаму“ – рече Вилијамс.

19-годишната Андреску пак потврди дека во годините што доаѓаат ќе биде една од кандидатките за највисок пласман.

Scroll to Top