Серена Вилијамс со солзи во очите замина од Вимблдон. Ветеранката, вчера, поради повреда мораше да и го предаде мечот на Алиасандра Саснович. Во првиот сет при резултат 3:3, Серена Вилијамс ја повреди десната нога, се обиде но не можеше да продолжи.
Американката во кариерата има 23 Гренд слем титули, многумина се прашуваат дали вчерашниот меч беше нејзниот последен на најпрестижниот светски турнир.
„Срцето ми е скршено што морав да се повлечам поради повреда. Морам да им се заблагодарам на навивачите и на членовите на мојот тим, бидејќи направи да се чувствувавм одлично на Централниот терен. Ја почувствував неверојатната љубов и поддршка од трибините, кога излегов на теренот и го го напуштив“, порачала Серена во кусото соопштение.