Top Sport

Сериозна закана од Медведев: Јас сум незгоден, имам рецепт и за Ѓоковиќ!

Годинешниот финалист на САД опен, Данил Медведев тврди дека во текот на натпреварите константно размислува за слабостите на своите противници.

„Јас константно размислува за слабостите кај својот противник, што можам да направам за тој да не може да ми го врати топчето. Дури и во мечевите со Новак Ѓоковиќ кој игра неверојатна одбрана, се обидов да направам помалку неизнудени грешки од него. Ако ги прашате моите противници, јас на теренот сум многу незгоден Русин“ вели Медведев.

Младиот руски тенисер годинава успеа двапати да го совлада Ѓоковиќ, но српскиот ас и понатаму има водство од 3-2 во меѓусебните дуели.

Покрај гренд слем финалето во Њујорк каде Медведев со 3-2 загуби од Надал, Русинот оваа сезона ги освои турнирите во Синсинати и во Софија.

Scroll to Top