Top Sport

Серон: Конор го бива само за зборување

УФЦ ветеранот Доналд „Каубој“ Серон го предупреди својот следен противник, ирската мегаѕвезда Конор Мекгрегор дека наместо да се фокусира на војната со зборови пред дуелот на УФЦ 246 овој месец, да мисли што ќе прави во октагонот.

Мекгрегор својата кариера ја изгради не само на достигнувањата во кафезот, туку и на вербалните напади, за што најдобро може да посведочи Хабиб Нурмагоедов, но пред дуелот следната недела во Лас Вегас, Серон вели дека треба да ја затвори муцката.

„Вие момците од медиумите се обидувате да дојдат такви срања на распоред. Дали има лоша крв со Конор? Засега не, тој не кажал ништо лошо за мене. Тој е најдобар за тоа, за тие вербални пресметки. Може да оди ниско, да зборува за мојата баба или моето дете, кога тоа би преминало на друго ниво. Јас никогаш не одам ниско. Можеме да зборуваме колку што сакаме, но на крајот ќе биде најважно што ќе се случи во кафезот“, вели Серон.

Тој одби да ја почне вербалната расправија, велејќи дека не е го интересира животот на Ирецот.

„Јас нема да кажам ништо за него, бидејќи не ми е грижа. Тој си го живее животот надвор од УФЦ, тоа е негова работа. Ќе го пречекам во рингот“, додава ветеранот.

Scroll to Top