Top Sport

Севастова со лекција за шампионката Стивенс

Летонката Анастасија Севастова имаше слатка одмазда против шампионката од САД опен, Слоун Стивенс за минатогодишниот пораз во четврт-финалето, победувајќи ја Американката со 6:2/6:3 за свое прво гренд слем полуфинале.

19. носителка Севастова подобро се снајде на екстремната жештина во Њујорк, победувајќи по 83 минути, за да стане првата тенисерка или тенисер од Летонија со пласман меѓу најдобрите четири на Флешинг Медоуз. Таа имаше 18 директни победнички топки и искористи пет од осумте брејк топки кои ги имаше.

За пласман во финалето таа ќе игра со подобриот од дуелот на шесткратната шампионка Серена Вилијамс и Чехинката Каролина Плишкова, кои играат денес во вечерниот термин (кај нас рано наутро).

Scroll to Top