Северна и Јужна Кореја ќе го формираат првиот заеднички олимписки тим во женски хокеј на мраз, и ќе маршираат под едно знаме на Олимпијадата во Пјеонгчанг следниот месец, потврдија преговарачите на двете земји.
Северна Кореја ќе прати делегација од 550 члена во Пјеонгчанг, на само 50-тина километри од границата меѓу двете земји, од кои 230 ќе бидат навивачки, 140 уметници и 30 теквондо натпреварувачи на 25 јануари.
Договорот значи дека првпат по 27 години, од Светското првенство во пинг-понг и Младинскиот фудбалски шампионат во 1991 година, Кореја ќе има еден тим. Ова е првпат на Олимпијадите двете држави да настапат под едно знаме, иако претходно неколку пати маршираа заедно на церемониите на свечено отварање и затварање.
„Спортистите од двете Кореи маршираа задно на интернационалните натпреварувања девет пати досега. Мирот на Корејскиот Полуостров преку спортот е вредност која е иста со олимписките вредности“, изјави До Џонг-Ван, јужнокорејскиот министер за култура, спорт и туризам.
И покрај одлуката на Пјонгјанг и Сеул, конечната одлука за заедничкиот тим треба да го донесе Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), кој во сабота има состанок во Швајцарија, но не се верува дека тие ќе направат проблем.
Двете држави, инаку, технички остануваат уште во војна по примирјето од 1953 година.
North and South Korean athletes to march together at the Winter Olympics opening ceremony under a unified flag, South Korea says https://t.co/2TyOn6DyU8 pic.twitter.com/k4FyB1maz9
— CNN Breaking News (@cnnbrk) January 17, 2018