Иако во петокот беше објавено дека Ентони Џошуа ќе добие шанса за ри-меч со Мексиканецот Енди Руиз Јуниор на дуел во Ријад во Саудиска Арабија, сега членовите на тимот на Руиз тврдат дека тој одбива да боксува во оваа држава.
Руиз му ги одзеде појасите во тешка категорија на Британецот Џошуа во шокантен меч и сака друга локација за дуелот на 7 септември, откако претходно бараше поголем дел од парите кои ќе се заработат од мечот.
29-годишниот Мексиканец засега одбива да потпише било каков договор и чека понуда со која ќе добие повеќе од сега гарантираните 9 милиони долари.