Top Sport

Шампионскиот дуел Џошуа-Пулев пред откажување

Одбраната на титулите во тешка категорија на Британецот Ентони Џошуа против бугарскиот боксер Кубрат Пулев е неизвесна, откако бугарските медиуми јавија дека Пулев се повредил на тренинг.

Носителот на ИБФ и ВБА појасите во тешка категорија, Џошуа, требаше да се „судри“ со Пулев на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф на 28 октомври пред речиси 80.000 фанови, откако веќе 70 илјади билети беа продадени.

Според бугарскиот весник „Дневник“, 36-годишниот Пулев скинал мускул на тренинг пред 10 дена и му се потребни месец дена да се опорави, така што мечот би можел да биде презакажан за ноември или декември. Единствен проблем е тоа што стадионот „Принсипалити“ е зафатен сите саботи од 11 ноември до 2 декември за рагби-мечевите на велшката репрезентација.

Scroll to Top