Руската тенисерка Марија Шарапова обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Шенџен. Шарапова во четврт-финалето ја победи тенисерката од Казахстан, Зарина Дијас со 6:3, 6:3.
„Не го играв својот најдобар тенис, сигурно е дека постојат работи што можам да ги унапредам“, рекла Шарапова по победата, до која дојде за помалку од 90 минути игра.
Шарапова за пласман во финалето ќе игра против подобрата од четвртфиналниот дуел помеѓу чешките тенисерки Каристина Плишкова и Катерина Синакова.
Полуфинале на турнирот во Шенџен изборија и Романките Симона Халеп и Камелија Бегу.
Халеп во чеврт-финалето ја победи Белорусинката Арина Сабаленка со 6:2, 6:2, а Бегу славеше во дуелот со Унгарката Тимеа Бабош со 7:5, 7:5.