По поразот во првото коло на турнирот во Индијан Велс, руската тениска дива, Марија Шарапова реши да се раздели со својот долгогодишен тренер, Свен Греневелд.
„По четири успешни и тешки години заедно, би сакала да му се заблагодарам на Свен за неговата лојалност, за работната етика, но и за пријателството кое го формиравме. Заеднички решивме дека треба да се разделиме, но повторувам дека имав среќа што работев со таков лидер“, напиша Шарапова на својот веб-сајт.
Работите не одат најдобро за Русинката по враќањето од 15-месечната суспензија за позитивниот тест на мелдониум, откако таа успеа да се искачи само до 41. место на ВТА-листата.
Греневелд пред Шарапова работеше со Моника Селеш, Аранча Санчез Викарио, Мери Пирс, Ана Ивановиќ и Каролине Вознијацки.
Фото: ЕПА