Top Sport

Шарапова: Сакам моите деца да имаат мирно и здодевно детство

Марија Шарапова неодамна реши да стави крај на блескавата кариера во која освои пет гренд слем титули и беше светска тенисерка број 1, откако не можеше уште еднаш да се опорави од низата повреди, посебно на рамото.

Популарната Маша во кариерата освои 36 титули од 2004 до 2019 година, и сега во интервју за „Њујорк тајмс“ зборува за плановите да има семејство по пензионирањето.

„Имав многу убаво детство со мојата мајка, која беше многу млада кога јас се родив. Сакам да имам таков однос со моите деца и навистина не знам како би тренирала тенис и би имала деца. Да посветиш часови и часови време на тенисот… Никогаш не сакав да имам дете при такви услови. Со мојата мајка бев разделена рано, бидејќи отидов на тениската академија на Флорида, а таа остана во Русија и тоа влијае на моите одлуки. Сакам моите деца да имаат чувство на мир во својот дом и здодевно детство. Но, на руски велиме: ’Ти планираш, Господ се смее’. Се надевам дека нема да биде така“, вели Шарапова.

Scroll to Top