Големата тениска ѕвезда Марија Шарапова се наоѓа во Абу Даби каде започнува егзибициски турнир, наречен Мубадала светско првенство. Русинката на јавноста и откри во какво друѓтво го минува времето.
Шарапова се дружела со двајцата најдобри светски тенисери Рафаел надал и Новак Ѓоковиќ. Таа фотографија од дружењето со овоие двајца објави на „Твитер“.
Шарапова попладнево ќе настапи на турнирот во Абу Даби. Во единствениот меч, во женска конкуренција, Шарапова од17 часот ќе игра против Аља Томљановиќ.
Во машка конкуренција на овој турнир чии покровител е компанијата Мубадала учествуваат шестмина тенисери. Надал и Ѓоковиќ се слободни во првото коло.
Ѓоковиќ во петок за противник ќе игра против победникот од денешниот меч Циципас-Рубљов. Утре ќе настапи и Надал, а негов противник ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Хачанов и Чунг.
Golf-cart Karaoke from Abu Dhabi??♀️?? pic.twitter.com/LTG3S0DYn6
— Maria Sharapova (@MariaSharapova) December 19, 2019