Претседателот на АТП турнејата, Андреа Гауденци вели дека се надева дека светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ќе има редовен календар и покрај тоа што уште не е вакцинирал, барајќи од него да „попушти“ и да осигура да игра на најголемите турнири на светот.
Оваа молба доаѓа откако на Ѓоковиќ двапати му беше одбиена визата за Австралија поради тоа што не е вакциниран и не можеше да настапи на првиот гренд слем од сезоната, а директорот на Мастерсот во Монте Карло, Жељко Франуловиќ посочи дека тој нема да може да игра на турнирот ако не ги „почитува правилата“.
Србинот се враќа во акција на Дубаи шампионатот од 21 февруари, но подоцнежните турири во Европа и САД ќе бидат тешки без вакцина, иако веќе е пријавен за Мастерсот во Индијан Велс.
„Новак веќе планираше да игра во Дубаи, така што тоа е добра вест. Сакаме да го видиме Новак среќен и сакаме да игра. Сакаме најдобрите тенисери да играат на најдобрите турнири и Монте Карло е еден од нив. Се надевам дека ќе го оставиме КОВИД зад нас што е можно побргу и сакаме да чуеме добри вести од Новак“, вели Гауденци.