Top Sport

Шефот на „Киа“ признава: Надал ни помогна да продадеме многу автомобили

„Киа моторс“ е еден од најдолговечните спонзори на Рафаел Надал, кој првпат потпиша договор со корејскиот производител на автомобили во 2005 година и тој останува главен амбасадор на брендот барем до 2020 година.

Во последното интервју, шефот на „Киа Моторс Европа“, Емилио Ерера призна дека Надал помага во промоцијата на брендот, не само поради спортскиот успех, туку и поради неговиот карактер.

„Во Шпанија имаме таканаречен ’Рафаел Надал ефект’. Го имавме Надал на рекламите и на ТВ и тоа ни помогна да продадеме многу автомобили. Во Шпанија, но и во цела Европа, тој е најмногу сакан. Во Шпанија имапе околу 45 илјади продадени автомобили, но мислиме дека ќе ја завршивме годината со 62 илјади. Тоа е раст од 9 отсто во однос на претходната година“, вели Ерера.

Scroll to Top