Тројца рагби-играчи на Шкотска, меѓу кои капитенот Дени Броу, Сем Брукс и Џони Вокер се пратени дома од Светскиот куп во рагби-лигата, откако биле премногу пијани за да бидат пуштени во авионот по поразот од Нов Зеланд.
Шкотска ги загуби првите два меча од групата Б и сега мора да победи на гостувањето кај Самоа за пласман во четврт-финалето, но тоа ќе мора да го направи без тројката. Броу, Брукс и Вокер продолжиле со пиење по 74:6 поразот од Нов Зеланд во вториот натпревар, по што авио-компанијата која требала да го пренесува тимот одлучила дека тие се премногу пијани за да влезат во линијата од Крајстчарч до Бризбејн, а ја добиле поддршката и од шкотските тренери.
„Јасно беше дека тие претерале со пиењето. Последиците на тоа станаа јасни на аеродромот. Авио-компанијата има право да направи така и ја добија нашата поддршка“, изјави претседателот на шкотската рагби-репрезентација, Кит Хог.