Top Sport

Шкотско лудило: Холт обвинет за расизам и мамење, Рони дремна па победи (видео)

Мајкл Холт мораше да се брани дека не е расист нику измамник по несогласувањето со Еден Шарав на Шкотскиот опен во Глазгов.

Холт беше вклучен во жесток дуел со светскиот број 105., Шарав, кој го претставува Израел во Светскиот куп откако го победи со 4:3 во одлучувачкиот фрејм.

Но, „акцијата“ не заврши тука, откако Шарав преку Твитер најави дека ќе се жали пред Светскиот снукер поради однесувањето на Холт при мечот – движењето при поените и коментарите кои му ги кажувал додека тој водеше со 3:1.

Тој потоа ги избриша твитовите, но Марк Ален ги зачува и ги препушти самиот. Холт беше бесен.

„Тој ме нарече расист и измамник и имам докази за тоа. Можеби сум многу работи, но не сум расист ниту измамник. За среќа сите мечеви се снимаат и ќе се докаже“, изјави Холт, кој во четвртокот загуби со 4:0 од Џад Трамп.

Рони О’Саливен пак предизвика внимание поради друга причина. „Ракетата“, кој во неделата триумфираше на УК шампионатот, го победи Кинезот Ли Ханг со 4:3, откако кога губеше со 3:2 дремна меѓу фрејмовите.

„Лекарот ми советуваше да се одморам кога ќе можам,така што дури и кога не треба да спијам го правам тоа. Беше мала дремка која му е потребна на секого. Бев многу уморен и паузите од две-три минути меѓу фрејмовите ми изгледаа како вечност. Има убаво кожно столче и 12 минути с е одморив“, вели О’Саливен.

Трикот му успеа, откако ги освои следните два фрејма и победи со 4:3.

Scroll to Top