Top Sport

Шлиренцауер го пропушта почетокот на сезоната

Австрискиот ски-скокач Грегор Шлиренцауер ќе го попушти почетокот на сезоната во Светскиот куп поради повреда на десното колено.

Скијачкиот сојуз на Австрија објави дека Шлиренцауер се повредил на тренингот во Рамсау, кога паднал при доскокот. Австријците потврдија дека ски-скокачот нема да мора да оди на операција.

Десното колено Шлиренцауер го повреди во февруари годинава кога падна на скокалницата во Оберсдорф. Поради повредата тој паузираше еден месец.

Шлиренцауер во кариерата има 53 победи во Светскиот куп, двапати бил вкупен победник, еднаш триумфирал на турнејата „Четири скокалници“ и бил олимписки шампион, а шест пати бил светски шампион.

Новата сезона во Светскиот куп во скијачки скокови ќе почне на 18 ноември во Полска.

Scroll to Top